6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКондарко: Денешното гласање се одвива без никакви потешкотии и проблеми

Кондарко: Денешното гласање се одвива без никакви потешкотии и проблеми

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, информира дека гласањето на болните, измоштените и затворениците се одвива непречено и без никакви потешкотии. До ДИК, како што рече, не е пристигнато ниту официјално ниту неофицијално известување за евентуални проблеми.

Гласањето во текот на денешниот ден за сите категории кои имаат право да гласааат е навреме започнато, немаме никакви проблеми ниту со изборниот материјал ниту со изборните органи. Немаме никаква забелешка, приговор, поплака или други евентуални информации кои би ги споделиле“, изјави Кондарко на денешната прес-конференција на ДИК.

Додаде дека надлежни овластени лица од стручната служба и членови на ДИК во текот на денот се излезени на терен во обиколна на неколку Општински изборни комисии.

Кондарко потенцира дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно, туку ќе бидат запечатени и приклучени кон резултатите од утрешното гласање, односно кон соодветните избирачки одбори, по што ќе бидат објавени како дел од вкупните резултати кои сукцесивно ќе почнат да се објавуваат по утрешниот изборен ден.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img