Home » Концертна промоција на албумот „Кога не се сакаме“ на скопскиот бенд „My Tear“

Концертна промоција на албумот „Кога не се сакаме“ на скопскиот бенд „My Tear“

by Lina Muslija

Скопското трио My Tear планира на почетокот на следната година низ регионот концертно да го претстави албумот „Кога не се сакаме“, којшто беше објавен кон средината на септември.

Пред сето тоа, ќе одржат концерт на домашен терен, вечерва, во Станица 26 во Скопје, со почеток во 21:00 часот. Влезниците се веќе достапни преку bileti.drugastrana.mk. „Кога не се сакаме“ е достапен на YouTube, Bandcamp, како и на сите дигитални платформи, а до крајот на годината и на плоча како заедничко издание на независните издавачи Corpus Delicti од Македонија, JaJaJa Records од САД и Pop Depresija од Србија.

 

My Tear се Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас). Идејата на бендот е албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесетите како Хаос ин Лаос, Токму така, Падот на Византија, Мизар, Бадмингтонс…

Пред излегувањето на албумот објавени се два сингла – „На старите станици“ и „Истото го сакаш“, кои беа одлично примени во регионот, а на „Кога не се сакаме“ се наоѓаат уште седум песни, меѓу кои и „Овој ден“ од репертоарот на Фонија. Во 2019 година My Tear го објавува својот истоимен албум како дигитално издание и на плоча, а пет години подоцна, добропознатите андерграунд воини и членови на бендовите 21 век, Фонија, ХАХАХА, FxPxOx, Bernays Propaganda се на нова мисија да го дадат својот најдобар концерт досега.

 

Kids of the black hole (Fitz aka Feetz vs .Zjus Mjus) ќе ја загреат атмосферата со својот избор на Панк.

Се гледаме на концерт!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk