Одбројувањето до големиот славенички концерт 25 години Дрим тим почна, а до петочното патување низ времето, низ кариерата која датира од далечната 1999 година кога тогашната постава тргна да ја раскажува својата музичка приказна, остана уште малку. Во моментов се вршат последните подготовки, односно во тек се последните проби пред славеничкиот концерт закажан в петок, на 29 ноември во Македонскиот народен театар со почеток од 20:00 часот.
На сцената освен Дејан Николовски – Чуле (вокал), Никола Коцев (труба), Димитар Митровски (хармоника), Александар Ангелов (кларинет/сакс), Ангел Ќосев (клавијатура) и Гоце Илиоски (тапани) присутните ќе имаат можност да видат и дел од колегите со кои тие соработувале низ годините, а меѓу нив се: Маријан Коцев, Сузана Гавазова, Влатко Лозановски, Синтезис, Сузана Гавазова и Благоја Грујовски. На репертоарот, пак, ќе се најдат некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на Дрим тим.
Она што е сигурно е дека квалитетна музика нема да недостасува, нема да недостасува ниту добро расположение затоа што таму каде што се Дрим тим не смее нешто да нема. Така е затоа што сите – од прв до последен, се врвни музичари и кога се живите настапи во прашање им нема рамни.