Home » Концерт на „Never Trust“ и „Преку Ред“ во Битола

Концерт на „Never Trust“ и „Преку Ред“ во Битола

by Lina Muslija

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во кафе-барот Радост во Битола, ќе имате можност да присуствувате на концертот на грчкиот бенд „Never Trust“ од Атина и одличниот скопски бенд „Преку Ред“.

Never-Trust е треш-кор бенд основан во 2010 од Атина, Грција и е типичен претставник на DIY независната сцена. Иако низ годините бендот имал доста промени во нивната постава до сега ги имаат следниве изданија: “Bomb Da System” (2011), “Bras De Fer” (2014), “Wrong Place of Birth” (2016), “Never-trust” (2018) и “Brutality Reigns” (2023). После Корона карантините имале многу настапи низ нивната земја и моментално работат на нивниот нов албум.

 

Преку Ред е хард-рок бенд од Скопје, формиран во 2021 година. Членови се Антони (вокал), Никола (бас), Христијан (гитара), Рас (тапани) и Петар (ритам гитара). Во Јули 2022 година ја издаваат нивната прва песна “Ќе те барам”, а подоцна настапуваат и на повеќе фестивали низ Македонија како Д-фест, Пиволенд, Underfest, Добра идеја, Ослободување на Скопје итн. Во 2023 година го издаат првиот албум “Хаос” на кој се наоѓаат 9 фраерски песни со певливи и заразни рефрени. Момците се полни со младешка бунтовност и рокенрол кој ќе ве освои од прва песна. Откако го издаваат Хаос заминуваат на летна турнеја во 10 градови низ Македонија, а на 20-ти октомври доаѓаат повторно во Битола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk