Home » Концепт за промоција и поддршка на извозно ориентирана национална економија

Концепт за промоција и поддршка на извозно ориентирана национална економија

by Журнал.мк

Стопанската комора до државниот врв и до бизнис-заедницата
Новиот концепт за извоз со кој преку конкретни инструменти и алатки ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и со поддршка на извозните активности на компаниите беше промовиран пред компаниите членки на Клубот на извозници во Стопанската комора на Македонија.
Седницата ја отвори претседателот на Комората, Бранко Азески, во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), кој во своето излагање потенцира дека Комората веќе извесен период работи на градење нов пристап и стратегија за поддршка на домашниот извозен сектор и на домашните извозни компании, преку нов концепт што се базира на три меѓусебно поврзани столба: Националниот совет за извоз (НСИ), Клубот на извозници и Институтот за извоз.
Азески додаде дека во периодот што следува Комората, во координација со Владата и со нејзините институции, ќе разговара за конкретни форми на поддршка за извозните компании, за конкретен износ на средства од буџетот за таа намена, како и за институционалната форма на соработка меѓу државата и приватниот сектор, за успешна примена на националната стратегија за извоз, која треба да испорача поголем извоз и поголем економски раст на земјата во иднина.
На седницата беше промовирана и дигиталната извозна платформа „Изи експорт“ (Easy Export), алатка креирана преку истоимениот проект на УСАИД, која обезбедува корисни информации за извозните компании, поврзани со надворешната трговија, во делот на базите на податоци за трговските посредници на одделни пазари, законските и регулаторните барања, царинските и нецаринските бариери, повиците за поддршка, корисните анализи и сл.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk