Комплетно е завршен процесот за затворање на два института, најверојатно уште три ќе бидат затворени, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска во Штип.
Министерката кажа дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.
„Кај дел од универзитетите сосема е при крај процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори. Имаше контрола и на Универзитетот во Штип, се чека извештајот. Сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите“, рече министерката по посетата на Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип.
На новинарско прашање за институтите, Јаневска рече дека јавноста ќе ги дознае откако ќе заврши процесот за затворањето.