Home » Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата

Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата

by Журнал.мк

Собранието на Република Македонија во рамки на 145 седница, без расправа, попладнево го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан.

Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени. Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Со неговиот избор се комплетира составот на Државната изборна комисија. ДИК повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда.

Собранието попладнево ја донесе и одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

Пратениците едногласно го донесоа и Законот за вработените во Министерството за одбрана, а без расправа беа донесени и Одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

На седницата поддршка не доби барањето на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од дневен ред точките што се однесуваат на стратешките инвестиции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More