Home » Компани: Нашиот сон е Баерн да игра финале во ЛШ на „Алијанц арената“

Компани: Нашиот сон е Баерн да игра финале во ЛШ на „Алијанц арената“

by Lina Muslija

Баерн Минхен е еден од најтрофејните клубови во Европа. Освен што е доминантен во Германија, Баерн Минхен и на европска сцена е меѓу најдобрите. Баварците имаат шест титули европски првак во 11-те финалиња кои ги одигра.

Последен пат Баерн беше во финалето во 2020 година, кога со 1:0 го победи Пари Сен  Жермен. Сега во таборот на германскиот гигант сонуваат повторно да играат во финале, а имаат посебна причина за такво нешто.

Финалето во Лигата на шампионите сезонава ќе се игра на „Алијнац арената“ во Минхен, домот на Баерн. Прв предизвик за тимот предводен од тренерот Венсан Компани е дуелот против хрватскиот првак Динамо Загреб.

„Сонот да играме оваа сезона во финалето на Лигата на шампионите на ‘Алијанц арената’ е тука. За мене најважно е да го покажеме тоа уште на стартот, на дуелот против Динамо Загреб. Ни престои тежок меч и за нас е најважно да одиграме добро и да победиме. Се надевам дека сонот на навивачите за финале на ЛШ на нашиот терен ќе се оствари. Против Динамо ни треба концентрација од првата до последната минута“, вели Компани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk