Home » Компанија на О’Саливен ја тужи Светската снукер организација

Компанија на О’Саливен ја тужи Светската снукер организација

by Журнал.мк

„NST Worldwide“, косопственост на Рони О’Саливен, за многумина најдобриот снукер играч на сите времиња, ги тужеше челниците на спортот за „злоупотреба на доминантна позиција“ и бара оштета од 10,2 милиони фунти (околу 12 милиони евра).

О’Саливен е еден од тројцата косопственици на компанија која поднела тужба против Светската снукер организација и Светската професионална асоцијација за билијард и снукер. Иако е косопственик на компанијата, тој не е вклучен во нејзиното секојдневно работење.

Компанијата, основана во 2022 година од промоторот Џејсон Френсис и адвокатот Мајус Кариа, тврди дека „незаконските практики кои ја елиминираат конкуренцијата“ ги спречуваат играчите да се натпреваруваат на турнири. Светската снукер организација ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе се брани.

Тужбата на компанијата е реакција на обидот на Френсис да организира четири турнири на кои ќе настапат најдобрите снукер играчи, а Светската снукер организација блокираше организација на два од најавените турнири.

Играчите кои играат снукер под покровителство на оваа организација имаат потпишано договори со кои им се забранува да се појавуваат на настани организирани од конкуренцијата, освен ако Светската снукер организација не одлучи поинаку.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk