Сегментот на компактни СУВ од премиум марки стана трет најголем сегмент по бројот на продадени електрични возила, откако европските купувачи покажаа зголемен интерес за модели како Мерцедес Е-Ку-А и Е-Ку-Б или БМВ и-Икс1.
Бројот на новорегистрирани возила со целосно електричен погон во овој сегмент во првите седум месеци се зголеми за 44 проценти, покажуваат податоците од Датафорс. Зголемената побарувачка за премиум компактни СУВ со електричен погон, доведе до тоа нивниот сегмент да порасне над пазарниот сегмент што им припаѓа на компактните СУВ од големоволуменските марки и мини-автомобилите, со целосно електричен погон.
Најголем сегмент во продажбата на електрични автомобили се СУВ-моделите од следната класа, предводени од Тесла Модел Ипсилон, а по нив следат компактните со електричен погон.
Вкупната продажба на компактни СУВ од премиум марки, вклучувајќи ги сите видови погон, до јули годинава порасна за 11 проценти, со вкупно 456.814 продадени возила, според Датафорс. Според тоа, овој сегмент е еден од најбрзо растечките сегменти во Европа. За споредба, целиот автомобилски пазар во првите седум месеци се зголеми за 3,9 проценти во споредба со лани. Тоа и натаму е сегментот во којшто премиум марките постигнуваат најголем дел од продажбата на своите модели.
За вкупниот подем на премиум СУВ придонесоа електричниот и-Икс1 и неговиот сестрински модел Икс1, со заеднички раст од 38 проценти и вкупно 25.901 продадени возила до јули.
Водачите
Најпродавани премиум СУВ од компактна класа во Европа
1 | BMW X1/IX1 | 94,513 | 38% |
---|---|---|---|
2 | VOLVO XC40/EX40 | 68,281 | −1.5% |
3 | MERCEDES GLA/EQA | 62,985 | 21% |
4 | AUDI Q2 | 35,905 | −1.4% |
5 | AUDI Q3 SPORTBACK | 33,539 | −0.9% |
6 | MERCEDES GLB/EQB | 33,262 | 15% |
7 | AUDI Q3 | 32,112 | 8.4% |
8 | MINI COUNTRYMAN | 23,426 | −21% |
9 | BMW X2/IX2 | 18,914 | 61% |
10 | ALFA ROMEO TONALE | 17,854 | −15% |
Второто место му припаѓа на Волво Икс Це 40 и на неговиот електричен сестрински модел Е Икс 40, двата заедно продадени во вкупно 68.281 примероци, што е за 1,5 процент под ланскиот резултат.
Уделот на електричните модели во вкупната продажба се зголеми на една четвртина, што е близу двојно повеќе во споредба со 14-те проценти колку што е уделот на ЕВ во вкупната продажба на автомобили во ЕУ до јули годинава, покажуваат бројките од Датафорс.
Електричниот погон сега е втор најбаран вид на погон по бензинот, престигнувајќи го дизелот.
Електричните модели растат, приклучните хибриди паѓаат
1 | БЕНЗИН | 176,666 | 17% | 39% |
---|---|---|---|---|
2 | ЕЛЕКТРО | 119,597 | 44% | 26% |
3 | ДИЗЕЛ | 98,187 | 5.3% | 21% |
4 | ПРИКЛУЧЕН ХИБРИД |
56,560 | −23% | 12% |
5 | ХИБРИД | 5,427 | −39% | 1.2% |
Зголемената продажба на електрични модели во сегментот на компактни СУВ од премиум марки се совпаѓа со растот во вкупната продажба на електрични премиум автомобили, којшто изнесува 23 проценти во првите седум месеци годинава. Наспроти тоа, електричниот погон кај големоволуменските марки во истиот период порасна за само 4,8 проценти.
До јули се продадени за 23 проценти помалку приклучни хибриди. Главната причина за тоа е заминувањето на верзиите од Волво Икс Ц 40 и на Мини Кантримен со овој вид погон.
Најпродаван ЕВ модел во сегментот на премиум СУВ е БМВ и-Икс1, со 29.851 примероци, по него со раст од 54 проценти следи Волво Е Икс 40.
Новодојоденците исто така придонесоа да се зголеми продажбата, вклучувајќи ги БМВ и-Икс2, Смарт број 1, стислкиот Смарт број 3 и електричната изведба на Мини Кантримен, којашто технички е мошне слична со и-Икс1 и и-Икс2.
На третото и четвртото место се Мерцедес Е-Ку-А и Е-Ку-Б, со тоа што вториов постигна мошне впечатлив раст од дури 46 проценти. Електричните модели на Мерцедес дадоа главен придонес за целиот сегмент да се движи угоре.
Најпродавани целосно електрични СУВ од премиум марка од компакт класа
1 | BMW IX1 | 29,851 | 54% |
---|---|---|---|
2 | VOLVO EX40 | 27,211 | −4.9% |
3 | MERCEDES EQA | 21,819 | 8.3% |
4 | MERCEDES EQB | 16,348 | 46% |
5 | SMART #1 | 8,485 | 179% |
Мерцедес ќе лансира два нови компактни СУВ врз база на својата платформа ММА (Мерцедес-Бенц Модуларна Архитектура), којашто дозволува и хибриден и целосно електричен погон.
Овие два модели ќе следат по премиерата на компактната лимузина ЦЛА в година, потврди германскиот производител.
Ауди во моментов нема ЕВ во сегментот, затоа што Ку-4 се трка во една класа погоре. Потврдено е дека Ауди работи на електрична заменичка за Ку-2, меѓутоа уште не е соопштен датумот.
Ауди се бори одлично во овој сегмент со моделот со класичен погон Ку-2, како и со Ку-3 и Ку-3 Споргбек, што заедно постигнаа близу 100.000 продадени примероци до јули. Концернот Фолксваген в година ќе ги замени двете моделски изведби на Ку-3 со нова генерација.
Врз продажбата во сегментот в година ќе влијае тоа што Јагуар во последниот квартал годинава престанува со производство на Е-Пејс. Веројатноста дека дополнителните царини што ЕУ ги воведе за увоз на електрични автомобили произведени во Кина ќе добијат трајна важност по ноември, исто така ќе ја погоди продажбата на двата модели на Смарт, како и на Зикр Икс. Моделот од марката што му припаѓа на конернот Џили е нов на европскиот пазар.
Продажбата на дизелите во овој сегмент во првите седум месеци се зголеми за 5,3 проценти. За тоа има заслуга БМВ Икс1, со продадени 21.962 примероци. Во почетокот од годинава, БМВ ја збогати достапноста од дизел варијанти на моделот. Наспроти тоа, Волво повеќе не нуди дизел верзија од својот популарен Икс Ц 40.
Германија е најголем пазар за премиум компактни СУВ со сите видови погон во првите седум месеци, со 86.222 возила. По неа следи ОК со 77.561 возила.
Франција е водечка во продажбата на премиум компактни СУВ со приклучен хибриден погон, втора е Белгија. Продажбата на ПХЕВ во цела Европа ја предводи Икс1, по него е Мерцедес ГЛА, па Ауди Ку-3 Спортбек и Рејнџ Ровер Евок.
Германија е прва и во продажбата на целосно електрични СУВ модели од компактна класа од премиум марки. Нивната продажба пак порасна за 8,8 проценти, и покрај тоа што лани во средината на декември беше укината субвенцијата од близу 10.000 евра. Второ по ЕВ-продажба во сегментот е ОК.
Класичните хибриди не постигнаа поголем раст во овој сегмент, со исклучок на Лексус У Икс, чијашто продажба до јули се намали за 31 проценти. Тоа веројатно се должи на ефектот на канибализација од новиот Лексус Л Б Икс, којшто воедно беше и најпродаван модел на марката на Тојота во јули.
Најголемиот пад во продажбата во сегментот има кај Кантримен, којашто трпи удар од смената со новата, трета генерација на моделот, што беше прикажана на салонот во Минхен лани.
Голем пад во продажбата има кај Алфа Ромео Тонале, кој до јули изгуби 3.129 примероци во споредба со првите седум месеци лани, поради што се спушти од осмото на 10-то место.