Home » Комисијата за заразни болести предлага прогласување епидемија од голема кашлица во Скопје

Комисијата за заразни болести предлага прогласување епидемија од голема кашлица во Скопје

by Журнал

На територија на град Скопје да се прогласи епидемија на голема кашлица, препорачува комисијата за заразни болести до владата откако почна растот на заболени со пертусис или голема кашлица.

Во моментов во државата се потвредени 18 случаи, 16 се во Скопје. Како главна мерка од препораката за прогласување на епидемија е невакцинираните деца во градинка да не се дозволува да одат.

Докторите апелираат на секоја кашлица да не се прави паника, да се консултира матичен доктор и доколку има сомнеж кај матичниот истиот да се препрати во инфективна клиника или детска болница. Посебно да се биде внимателен доколку нема вакцинирани луѓе во едно семејство а пред се мали бебиња. Тие се најкритични со ова бактериско заразно заболување. Докторите апелираат родителите веднаш да ги вакцинираат и ревакцинираат своите деца.

Денеска во клиниката за детски болести хоспитализирано е четири годишно дете со голема кашлица детето е редовно вакцинирано. Но, поради неговото хронично заболување и неговиот имунитет е подложно на ваквите инфекции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More