Home » Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се преземаат мерки за големата кашлица, има политички игри кои се поважни од заштита на здравјето на граѓаните

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се преземаат мерки за големата кашлица, има политички игри кои се поважни од заштита на здравјето на граѓаните

by Журнал

Ковид пандемијата не беше доволна лекција за неспособната власт на СДС и ДУИ која и денес не води сметка за грижата за специјалистичкиот кадар.

 

И денес во Македонија има сериозен недостиг на инфектолози и епидемиолози. И понатаму е мал бројот на овие специјалности

Оттука сосема легитимно се поставуваат прашањата:

1. Дали Клиниката за инфективни болести во Скопје и сите инфективни одделенија ширум државата се подготвени за нова евентуална епидемија?

2. Колку доктори се упатени за специјализација во овие специјалности во последниве неколку години?

3. Зошто не се инвестира ниту во кадарот на вакциналните пунктови, во поликлиниките и генерално кадарот што работи на превентивна здравствена заштита?

Власта единствено затвори одделенија за инфективни болести, а во оние што функционираат ништо или недоволно е инвестирано.

Додека надлежните институции кои навремено не ги преземаа потребните мерки се во длабок зимски сон и без системски мерки и во оваа прилика упатуваме апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто вакцините се безбедни и спасуваат животи, велат во Фејсбук статус од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More