Ламин Јамал се подготвува за дербито со Реал Мадрид во Примера, но пред овој меч излезе едно интересно видео на офанзивецот со група туристи во Барселона.
Се работеше за повеќе девојки кои побараа од тинејџерот да ги фотографира, ама не знаеја кој е или во прв момент не го препознаа по што една од нив го праша кое е твоето име?
-Јас сум Рајан, -одговори младата ѕвезда по што девојката уште еднаш праша кое е неговото вистиско име за да од позадина биде потврдено дека е Ламина Јамал.
На крајот Ламин ја заврши задачата, а девојќите сигурно ќе имаат добра анегдота за раскажување.