Home » „Комерцијална банка“ ќе го поддржува македонскиот фудбал и наредните три години

„Комерцијална банка“ ќе го поддржува македонскиот фудбал и наредните три години

by Lina Muslija

Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал.

Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри услови, поголеми успеси и нови победи на македонските фудбалски репрезентации и воопшто на македонскиот фудбал.

„Фудбалот носи магија во себе која обединува, која и невозможното го прави возможно, која се бори за победа и верува во успехот. И сето тоа вреди, не само за играчите кои живеат за фудбалот, туку и за навивачите, но и за општеството кое сака да се радува на заедничките успеси и победи. Фудбалот е тимска игра и фудбалерите најдобро знаат дека многу е полесно заедно да стигнат до посакуваната победа.

– Ние во Комерцијална банка исто така веруваме во заедничкиот успех и сакаме заедно да стигнеме до многу посакувани победи“, истакна д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка на прес-конференцијата по повод новиот тригодишен договор за спонзорство помеѓу Комерцијална банка и ФФМ.

Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите три години обезбеди значајна финансиска поддршка за фудбалските репрезентации и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.

По повод новата поддршка, директорот на А македонската репрезентација, Данчо Масев, изрази голема благодарност до Комерцијална банка.

„Партнерството кое го започнавме пред три години, а денеска го продолжуваме за нови три, претставува значаен придонес за промовирање и развој на спортот што сите го негуваме. Посветеноста на Комерцијална банка кон заедницата и промовирањето на здрави навики и вредности совршено се усогласува со нашите вредности и цели. Поддршката не само што ќе ни овозможи да ги подобриме нашите програми, туку и ќе биде поттик да ја инспирираме следната генерација фудбалски репрезентативци кон нови победи“, изјави Данчо Масев.

Во името на репрезентативците од машката А репрезентација благодарност изрази Столе Димитриевски.

„На сите нас ни е драго што партнер како Комерцијална банка останува со семејството на македонската фудбалска репрезентација. Ова партнерство е повеќе од само спонзорство, тоа е посветеност на тимска работа и заеднички вредности. Како фудбалер, ја знам важноста да се има силна поддршка и на теренот и надвор од него. Со Комерцијална банка покрај нас уверени сме дека ќе ги постигнеме нашите цели. Нивната посветеност на спортот и здравите општествени навики совршено се усогласува со нашата мисија“, порача Димитриевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk