Home » Комеморативна седница за Стојан Андов утре во Собранието

Комеморативна седница за Стојан Андов утре во Собранието

by Журнал.мк

Утре со почеток во 13 часот во Собранието ќе се одржи комеморативна седница во чест на Стојан Андов, првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата. Андов почина на 89 годишна возраст.

Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши упати длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и соработниците на Андов.-Стојан Андов засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас. Нека е вечен неговиот спомен, рече Гаши.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More