Колекцијата парфеми на Мајбах се состои од шест мириси што се создадени од прочуената „метрé парфумéр“ Ане Филипо, во нејзиното студио во Грас, на југот на Франција.
Мерцедес-Мајбах е луксузна варијанта на нешто што веќе е луксузно. Ексклузивно. Според производителот, „марката претставува еден животен стил, што соединува убавина и извонредност, за животот да го претвори во исклучително патување.“
Намерата со првата колекција парфеми со името на марката е тој животнен стил да се пренесе во форма на врвен парфем. Колекцијата се состои од шест унисекс парфеми, што се создадени заедно со ИНЦЦ Парфумс, а тоа што ги соединува со Мајбах се „елеганцијата, ексклузивноста и страста“.
Создателка е прочуената метре парфумер, мајсторка за парфеми, Ане Филипо. Студиото на парфем-уметницата се наоѓа во Грас, на Азурниот Брег, во гратчето што се цени како светска престолнина на парфемите. Предизвикот за дамата беше да сеоздаде колекција што ќе го пренесува истото совршенство, како возилата на Мерцедес-Мајбах (-> малку од историјата на марката).
Уште по садот се познава дека тука се вмешани гени на Мајбах. Страниците се облагородени со полиран алуминиум, со лого Мајбах и со гравирано име на парфемот. Изработката е слична со хромираните елементи на возилата на Мерцедес-Мајбах.
Шарата што е препознатлива за Мајбах се забележува напред и назад. Секој сад доаѓа со отмен дрвен држач. Сето тоа е спакувано во скапа амбалажа во боја на слонова коска. Сите материјали се од обновлива природа.
Парфемите може да се набават преку онлајн-продавницата maybach-luxury.com, во бутиците на Мајбах и во онлајн продавницата parfums.mercedes-benz.com.
Прашањето за цената е неодминливо, иако за тие што можат да си дозволат Мајбах, трошокот е неосетен: 325 евра, односно сите шест во пакет за 2.390 евра