Фридрих Вилхелм Ниче бил германски филозоф од 19 век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, филозофија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам.
. Ниче е критички настроен кон христијанството, според некој толкувачи, воопшто кон религијата. Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности во филозофскиотстил на пишување, и тие го отуѓуваат од интелектуалниот академизам, како во неговото време така и денес,
Особено интересна е Антихрист каде што Ниче жестоко го критикува христијанството, но покажува дека бил свесен за изворната вредност и доблест на христијанството, а особено на Христовата искрена намера на луѓето да им покаже како треба да се живее, па затоа Ниче вели: „постоеше само еден Христијанин и тој умре на крстот.“
Ниче е роден на денешен ден пред 180 години, а во оваа прилика ви ги пренесуваме неговите мудри зборови по кои го паметиме речиси век и половина.
1. „Кога ќе го цените она што го имате наместо да живеете во потрага по идеали, тогаш ќе бидете навистина среќни.“
2. „Паметните луѓе не планираат пријателства, не зборуваат за љубовта и не ја докажуваат вистината.“
3. „Оној кој има ’зошто‘ да живее може да го издржи речиси секое ’како‘.“
4. „Човекот го прават несреќен или среќен само своите мисли, а не надворешните околности. Управувајќи со своите мисли, тој управува со својата среќа.“
5. „Оној што не може да оддели две третини од денот за себе, треба да се смета за роб.“
6. „Нема убава површина без застрашувачка длабочина.“
7. „Она што не ме убива, ме прави посилен.“
8. „Она што не ме убива, ме прави посилен.“
9. „Ако одлучите да направите нешто, затворете ја вратата на сомнежот.“
10. „Најголемите случувања не се нашите најбурни, туку најспокојни моменти.“
11. „Тоа што се прави поради љубов се одвива надвор од доменот на доброто и злото.“
12. „Постојат две патеки што можат да ве спасат од смртта: брза смрт и долга љубов.“
13. „Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат.“
14. „Постои одреден степен на закоравени лаги кој се нарекува ’чиста совест‘.“
15. „Со човекот се случува истото што се случува и со дрвото. Колку повеќе се издигнува кон врвот и кон светлината, толку повеќе неговите корени се закопуваат во земјата, надолу, во мракот и во длабокото – кон злото.“
16. „Постојат два вида осаменост: бегство на болните и бегство од болните.“
17. „Завидливите луѓе најчесто го осудуваат она што не го знаат и ги критикуваат оние чиешто ниво никогаш нема да го достигнат.“
18. „Не сум вознемирен што ме излажавте, туку затоа што веќе не можам да ви верувам.“
19. „Нема потреба да размислувате премногу. Така создавате проблеми што не постоеле на почетокот.“
20. „Најблиската личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина, а во сегашноста те прифаќа таков каков што си.“