Home » Колку чини поправка на новиот Huawei Mate XT

Колку чини поправка на новиот Huawei Mate XT

by Lina Muslija

Huawei откри колку чинат резервните делови за првиот телефон на светот со три пати на преклопување.

Самиот телефон, Huawei Mate XT Utimate Design, чини околу 2.800 долари, но ако се случи да го оштетите екранот, овој OLED панел ќе вe чини околу 1.120 долари.

Сето тоа е под претпоставка дека ќе му дозволите на Huawei да го рециклира овој екран бесплатно, во спротивно, ќе треба да платите до 1.370 долари повеќе.

Huawei нуди неколку начини да заштедите пари за поправки на екранот за Mate XT. Доколку се одлучите за екран од серијата „refurbished“, ќе чини околу 983 долари, додека плановите за осигурување започнуваат од 492 долари за една година.

За споредба, ако треба да го замените внатрешниот екран на моделот Samsung Galaxy Z Fold 6, чини 200 долари првиот пат и 549 долари секој пат потоа.

Ако го исклучиме екранот, другите резервни делови за Huawei Mate XT се нешто поевтини – батеријата е околу 70 долари, а камерите од 38 до 107 долари. Сепак, матичната плоча чини дури 1.278 долари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk