Home » „Колдплеј“ е најслушаниот британски бенд на 21-oт век

„Колдплеј“ е најслушаниот британски бенд на 21-oт век

by Lina Muslija

Компанијата за лиценцирање музика ППЛ го прогласи „Колдплеј“ за најслушаната британска група на 21. век.

Лондонскиот поп-рок-бенд, кој го вклучува фронтменот Крис Мартин заедно со Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, се емитува 40.000 пати повеќе на британските радиостаници и телевизии од класичните рокери на „Квин“, кои беа на второто место.

Најслушаната песна на „Колдплеј“ е хитот број еден од 2008 година, Viva La Vida, а потоа следуваат нивните други хитови – Paradise, Clocks, Something Just Like This и Adventure Of A Lifetime.

 

На трето место е бој-бендот Take That, групата од X Factor, Little Mix, следува на четвртото место, а „Битлси“ е на петтото место. Рокерите од Манчестер, „Оесис“ се на шестото место, а „Би џис“ е на седмото место, велшката група „Стереофоникс“ е на осмото, поп-дуото „Јуритмикс“ е деветто, а „Ролинд стоунс“ ја заокружува листата на десеттото место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk