Home » Кокосовото масло не смее да се користи на целото тело

Кокосовото масло не смее да се користи на целото тело

by Lina Muslija

Кокосовото масло е омилен производ за нега на кожата на многу луѓе, но треба да бидете внимателни при неговата употреба. Ова масло го има во сечиј дом, го користиме насекаде, од кујна до козметика. Сепак, дерматолозите велат дека треба да се внимава кога се користи за нега на кожата.
Некои го користат кокосовото масло за чистење на лицето, бидејќи е толку масно што ги раствора шминката и нечистотиите, но потоа потребна е втора фаза во која треба да се направи целосно отстранување на остатоците од маслото. За таков процес на чистење, мора да се користи пена или сапун за миење лице.
Главниот недостаток на кокосовото масло е тоа што може целосно да ги затвори порите. Нема својства да ја навлажнува кожата, може само да го задржи она што е на неа. Со други зборови, не е хидратантно, туку има мастен ефект. Затоа никогаш не треба да се користи на деловите од телото што се подложни на депилација – нозете, рацете, пазувите или во интимната регија. Затнатите пори по депилацијата може да доведат до зараснати влакна, а потоа и до формирање мозолчиња и воспалителни процеси. Наместо кокосово масло, на овие места на кожата можете да користите хидратантен крем или млеко за тело.
Исто така, ако имате мрсна кожа склона кон акни, кокосовото масло може да ја влоши нејзината состојба.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More