Со купување на автомобилот и едно вртење на клучот во бравата за првпат или притискање на копчето за стартување, веќе губите голем дел од неговата вредност. Едноставно е така, за разлика од недвижностите како што се становите, куќите и викендичките кои не губат на вредност, подвижниот имот како автомобилите не се имуни на падот на вредноста.
Компанијата за анализа на пазарот Schwacke и Auto Bild објавија статистика за моделите кои најдобро држат цена.
Меѓу оние автомобили кои најмалку губат на вредност како користени автомобили, има некои евтини модели, како што е Dacia Sandero, а добро се рангираат и електричните автомобили, како што е Tesla.
Од друга страна, интересно е што големата побарувачка за Porsche 911 ја одржува неговата амортизација во прифатливи граници. За четири години, спортскиот автомобил губи само 42 отсто од почетната вредност. Ова го прави еден од половните автомобили со најстабилна цена на германскиот пазар, но не и најдобар.
За разлика од Porsche, ниската цена на Dacia Sandero е голема предност кога станува збор за зачувување на вредноста на користено возило. Dacia е толку евтина кога е нова, што само малку губи вредност кога е користена.
Само една третина (34 проценти) од вредноста ќе биде изгубена за четири години. Овој преглед на цените секако влијае на нашиот пазар, кој е склон кон увоз на половни автомобили од Германија.
Погледнете кои автомобили (по класа) најдобро ја држат цената по четири години користење:
Класа Најдобро држи цена по 4 години
Електрични автомобили до 40.000 € Mini Cooper SE (59,6%)
Електрични автомобили над 40.000 € Tesla Model S Long Range (61,2%)
Мали градски автомобили Hyundai i10 1.2 (56,9%)
Компактни автомобили Dacia Sandero Stepway TCe90 (66%)
Компактен автомобил VW Golf 1.5 TSI OPF (53,7%)
Средна класа Škoda Superb Combi 2.0 TSI 4×4 DSG (49,8%)
Висока класа BMW 540i xDrive Automatic (44,4%)
Спортски автомобили Porsche 911 Carrera 4S PDK (58,0%)
Комби возила Mercedes V 300 d long 4Matic 9G-Tronic (56,4%)
Мал SUV Mazda CX-30 e-Skyactiv-G 2.0 (57,5%)
Компактен SUV Toyota RAV 4 2.5 4 × 2 Hybrid (57,8%)
Голем SUV Range Rover Sport P400 3.0 (50,1%).