Home » Кои намирници треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок?

Кои намирници треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок?

by Журнал.мк

Во борбата со високиот крвен притисок еден од најважните чекори е да се контролира вносот на сол. Натриумот е суштински минерал кој игра витална улога во одржувањето на рамнотежата на течностите, функцијата на нервите и мускулната контракција. Сепак, прекумерното внесување сол може да доведе до разни здравствени компликации, особено ако човекот веќе има висок притисок.

Јадењето храна богата со натриум, т.е. сол, може да ја влоши состојбата со притисокот и да ја зголеми опасноста по кардиоваскуларното здравје.

Сирењето е извор на калциум и протеини, често богат со сол и заситени масти. Ова значи дека јадењето премногу сирење може да ја зголеми опасноста од срцеви болести – со зголемување на крвниот притисок и на холестеролот.

Иако зелениот лиснат зеленчук е неверојатно корисен за здравјето, некои типови зеленчук, како целер, спанаќ, морков или цвекло, содржат повисоко количество сол. Во случај на постојано висок крвен притисок, овој зеленчук треба да се избегнува или да се јаде умерено.

Киселата зелка, краставички, туршија и другите ферментирани намирници обично се богати со сол поради процесот на отстојување. Како конзерванс и засилувач на вкусот, и солта во преработките од месо како виршли, колбаси, сланина и сувомеснати производи исто така е на високо ниво.

Некои лебови и печива, особено оние направени со рафинирано брашно, исто така, може да содржат поголеми количини сол. Советот на стручњаците тука гласи- проверете ги етикетите и изберете ќесичка со низок удел на натриум.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk