Во целиот свет и понатаму доминира белата боја бидејќи ја одбива сончевата топлина, но и бидејќи не треба да доплатите ништо. Според Axalta, 35% од автомобилите продадени во 2021 година биле бели, односно 21% бели и 14 проценти бисерно бели.
Потоа, најпопуларните се црна, темно сива и сребрено сива. Сината е боја која се поврзува со електрични автомобили и нагло расте продажбата на сини автомобили. Нејзината популарност сега ја надминува сребрено сивата во Северна Америка, Африка, Јапонија, Јужна Кореја и Европа.
На нашиот континент, темно сивата боја ја победи белата и е на првото место – темно сивата е 27 проценти, а белата 23 проценти.
Белата е доминанта боја во светот од 2011 година. Тоа е поради популарноста на оваа боја во Азија.
Светска ранг листа на бои во 2021:
Бела(35%)
Црна(19)
Темно сива(19)
Сребрено сива(9)
Сина(8)
Црвена(5)
Беж(3)
Зелена(1)
Жолта(1)
Останато(1).