Бојан Бошковски, зет на загинатиот Југослав Николовски, објави детали за несреќата што се случила на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата, истакнувајќи дека станува збор за зона со засилен пешачки сообраќај каде во моментот имало над 30 деца.
-Во погрешно време, на погрешно место, во држава во која безредието стана секојдневие… Југослав Николовски, дедо на Теа, Алек и Оги, излезе пред својата зграда на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата и таму, под прозорецот од својот стан, беше убиен од мотор кој дојде од зад грб. Во тој момент, на оваа т.н. „најпешачка“ зона во Скопје, имаше повеќе од 30 деца.
Југо беше човекот кој се грижеше за целото маало, кој ги учеше децата да бидат внимателни, да гледаат лево и десно кога излегуваат на патеката кон паркот. Синоќа, токму тој стана жртва на хаосот и небезбедноста што владеат во нашето општество. Овој настан уште еднаш потврдува дека никој не е заштитен, дури ни на места кои треба да бидат најбезбедни – пешачките патеки во парковите.
Ова се фотографии од „пешачката“ патека, направени во текот на само еден час, кои јасно го покажуваат вистинскиот проблем со кој се соочуваме секојдневно… Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme