Home » КОД: Познати бизнисмени фатени во кражби на струја Јавното обвинителство истражува

КОД: Познати бизнисмени фатени во кражби на струја Јавното обвинителство истражува

by Журнал.мк

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија разоткриени во мрежа за кражба на струја. Имено, екипите на ЕВН открија обид за кражба на струја со уред кој го „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја. Иако се работи за уред кој досега не бил евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката.

Отстапувањата во потрошувачката кај броилата кои не се исчитуваат далечински се утврдува на лице место при контрола. Инженерите на ЕВН објаснуваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото. „Анализата на броилото ни дава точни технички параметри за тоа дали броилото е расипано или се работи за манипулација“, вели Александра Костовска раководителка на одделот за мерење на мрежа во ЕВН, за емисијата „КОД“ која се емитуваше на ТВ Телма, а беше посветена на кражбите на струја.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk