Home » Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

Коцевски одржа работна средба со раководителите на основните и вишите јавни обвинителства

by Журнал.мк

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа работна средба со шефовите на сите основни и виши јавни обвинителства, на кои им ги презентираше приоритетите од програмата за својот шестгодишен мандат.

Со особен акцент на транспарентноста и отчетноста, како основ за јакнење на самостојноста на јавните обвинители во постапувањето и за враќање на довербата во јавното обвинителство, Коцевски побара од обвинителите проактивно презентирање во јавноста на резултатите од работата по конкретни предмети. Во таа насока особено беше истакната улогата на основните јавни обвинителства.

На средбата стана збор и за проблемите од финансиски аспект со оглед на фактот дека Јавното обвинителство не располага со целиот буџет и нема функционална независност на финансиските средства, недоволната материјална и кадровска екипираност на јавните обвинителства, но и за соработката со останатите институции. Јавните обвинители беа запознаени и со начинот и динамиката на функционирање на Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности во претстојниот изборен процес.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk