Кочани има 16 пожарникари, иако законскиот минимум е 32. Кобната вечер се гасел пожарот со возила постари од 20 година, а еден пожарникар морал да седи во возилото за да не изгаси.
Од другата страна, имаме 500 милиони евра фрлен КРЕДИТ за локални патишта, паркчиња и играчки затоа што идат локални избори. Земаме кредит и се задолжуваме за најосновни функции на општините, наместо за капитални инвестиции.
Не ми говорите за некаков рестарт на системот додека противпожарниот систем ни е во КОЛАПС, а владата троши кредит само за бустање на својата победа на локални избори.
Пишува на Фејсбук пратеничката на Левица, Јована Мојсовска