Home » Коалиционен капацитет: Еве кој гласаше за измените на законот за организација на министерствата

Коалиционен капацитет: Еве кој гласаше за измените на законот за организација на министерствата

by Журнал.мк

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во вчерашните 88 гласа „за“ владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет. Поддршка за законските измени дадоа 58 пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, 14 од ВРЕДИ, шест од ЗНАМ, два од турската партија ТДП, еден пратеник од ДПА и шест пратеници од ДУИ.

СДСМ со 16 и Левица со шест пратеници беа „против“ измените и дополнувањата на законот со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова од ЛДП беше отсутна.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека работи на агендата Македонија повторно твоја. Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More