Home » Коалицијата Вреди најави историски Закон за правична застапеност на Албанците и другите заедници

Коалицијата Вреди најави историски Закон за правична застапеност на Албанците и другите заедници

by Lina Muslija

Коалицијата Вреди соопшти дека наредната недела на владина седница ќе биде донесен Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во јавната администрација, што според партијата претставува „историска правда“ и исполнување на суштинска точка од Охридскиот рамковен договор.

Од Вреди истакнуваат дека со ова ќе заврши ерата на институционална дискриминација која траела три децении. „Ова не е политичка реторика, туку историска корекција. Албанците не се повеќе декор во оваа држава, тие се нејзино јадро“, порачаа од партијата.

Законот, како што информираат, се носи врз основа на Амандманот „VI“ од Уставот и ќе биде обврзувачки за сите институции кои ќе треба да обезбедат фер застапеност, почитувајќи компетентност, интегритет, транспарентност и инклузивност.

Од Вреди ја критикуваат ДУИ дека „го продала Охридскиот договор за фотелји и позиции“, додека тие со новиот закон враќаат достоинство и рамноправност на Албанците во сите институции. „Албанците отсекогаш заслужуваа да бидат во центарот на институциите, ние го спроведуваме тоа по закон“, порачаа од коалицијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk