Home » Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето во тетовско Ларце

Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето во тетовско Ларце

by Журнал.мк

Доставен е приговор од страна на коалицијата „Европски фронт“ за прегласувањето на Избирачкото место 2021 во селото Ларце во Општина Желино, велат од Државната изборна комисија (ДИК).

Во рок од 72 часа од пристигнувањето на приговорот, ДИК е должна да донесе одлука. На решението од ДИК, кандидатите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, кој по приемот на истата во ток од 48 часа треба да одлучи по неа.

Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата.

Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More