OpenAI добива нов ривал, а тоа е стартап основан од поранешен главен научник и член на одборот на OpenAI.
Илја Сутскевер – поранешен главен научник на OpenAI, кој ја напушти компанијата набргу откако избувна јавна расправија меѓу него, поранешните членови на одборот и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.
Сутскевер сега собра повеќе од милијарда долари средства, капитал од инвеститорите, кои ќе бидат искористени за неговиот стартап Safe Superintelligence (SSI).
Меѓу оние кои го поддржаа SSI беа компанијата a16z, која се спротивстави на иницијативата за вештачка интелигенција на Калифорнија, како и Sequoia, која е инвеститор во OpenAI.