Home » Коџаџику: ДУИ ги избриша Албанците на последниот попис

Коџаџику: ДУИ ги избриша Албанците на последниот попис

by Журнал.мк

Анализата која што ја направивиме од официјалните бројки на Заводот за статистика за бројот на гласачи односно жители на ниво на градови и села покажува дека имаме недостиг на регистрирани граѓани. Прашањето е кој ги брише Aлбанците во Северна Македонија, и како може село Грчец да има 36 жители и 2.000 гласачи, посочи на денешната прес-конференција Мерита Коџаџику од Демократско движење.

-Како е можно ова кога ова село има 2.000 запишани гласачи. Оваа појава на нелогични разлики се забележува во повеќето населени места каде живеат Албанци. Од Заводот за статистика или не излеглe да ги регистрираaт овие жители, или по регистрацијата биле избришани со копче. Според последниот Попис, Мала Речица има 2468 жители, но 8216 гласачи, село Турчан во Гостивар има 1208 жители, но 4501 гласачи.

Јавно прашуваме дали заменик директорот во Заводот за статистика Илми Селами и Артан Груби го имаат информирано Али Ахмети дека во Грчец и Мала Речица им избришале население? Или да заклучиме дека ДУИ имале намера да ги иселат сите Албанци во дијаспора и едноставно брзајќи избришаа илјадници Албанци пред да го добиваат тоа што е симболично за нив, куферот за да се отерат од татковината – рече Коџаџику.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More