Home » Која е причината за пожарот кој проголта три деца во Хрватска на поткровјето од нивниот дом

Која е причината за пожарот кој проголта три деца во Хрватска на поткровјето од нивниот дом

by Журнал.мк

Ромската населба Куршанец кај Чаковец Хрватска доживеа невидена трагедија, кога три деца ги загубија животите во пожар кој зафати семејна куќа. Во пожарот загинаа осумгодишниот Габријел, ученик во основното училиште во Куршанец и неговите две сестри, шестгодишната Ена и двегодишната Лара. Пожарот избувнал нешто пред 23 часот, при што ги зафатил надворешните скали до поткровјето од куќата што семејството го користела како спална соба. Мајката на децата успеала да излезе од куќата со своето најмало дете, двомесечното бебе, но таа веќе не можела да се врати назад.

– Според досега собраните информации, околу 22 часот и 30 минути избувнал пожар на поткровје од куќа на улицата „Меѓимурска“. 29-годишен маж и 25-годишна жена кои носеле дете во раце успеале да излезат од куќата и да излезат на улица – изјавиле за Јутарњи од полицијата.

Телата на починатите деца се пренесени на обдукција на патолошкиот оддел на болницата.

Командирот на Противпожарната единица Чаковец, Младен Канижај за Јутарњи изјави дека веднаш штом добиле дојава за пожар во куќа во Куршанец, пожарникарите се упатиле на местото на интервенцијата.

– По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот веќе бил во полн ек, на горниот кат од куќата. Луѓето кои случајно се нашле веднаш ни рекоа дека има деца заробени на поткровјето во пожарот. Моите момчиња дадоа се од себе да побрзаат да го изгаснат пожарот и да ги спасат децата. Но, за жал, дури кога пожарот бил изгаснат успеале да влезат во просторот и таму да ги најдат децата. Никој не може да остане рамнодушен, ние сме луѓе. Сочувствуваме и го носиме овој товар на тагата со себе“, изјави за Јутарњи шефот на пожарникарите од Чаковец.

Во населбата цел ден владееше тишина. Жителите на ромската населба Куршанец, поблиску до Вараждин отколку до Чаковец, директно зад мостот Драва што го дели Меѓумурје од Вараждинската жупанија, згрозени од трагичниот настан, се собраа зад полициската лента. Сметаат дека за се се виновни електричните кабли приклучени на главната линија, бидејќи многу куќи во населбата немаат приклучок на струја, туку самоиницијативно се приклучуваат на каблите. Велат дека не можат без струја, „децата треба да учат за на училиште“, а немаат пари да се поврзат, надлежните им обезбедиле само јавно осветлување, пишува Јутарњи.

„Ја гледате оваа жица за напојување таму горе? Таа го предизвикала пожарот. И дали гледате хидрант за противпожарна заштита таму? – прашува еден од собраните мажи. Тој вели дека има вода во населбата, но нема противпожарен хидрант. И навистина, прошетавме низ населба во која живеат околу 1.750 луѓе, од кои околу 500 се возрасни, останатите се деца, а не видовме противпожарен хидрант, објави Јутарњи.

Најстариот од починатите деца, Габријел, одел во второ одделение. Возрасните потврдуваат дека не е прв пат да изгори истата куќа, пожар се случил и пред неколку години. Тогаш, за среќа, никој не беше повреден.

Соседот кој живее од другата страна на улицата, Роберто Игнац, вели дека прво слушнал метеж, а потоа… – Излегов од куќата и ги видов покривот и скалите како запалени. Таткото викал да ги спаси децата, соседите се обиделе да влезат, но не можеле поради пожарот. Ги повикавме пожарникарите, а додека не пристигнаа, земавме кофи со вода и се обидовме да го запреме пожарот, но тоа беше очигледно невозможно – вели тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk