Home » Кој си игра со скопјани по најавата па демантот дека вода ќе нема?

Кој си игра со скопјани по најавата па демантот дека вода ќе нема?

by Журнал

Доцна синоќа пред полноќ до медиумите беше испратено соопштение од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, дека денеска сепак, вода ќе има. Сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Претодно на социјалните мрежи беше објавено дека без вода ќе останане цел град.

-За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Претходно вчера беше соопштено дека поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, денеска од 17:00 часот намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат повеќе населени места во Скопје. Следеа бројни реакции од граѓаните на социјалните мрежи, дека за ваков прекин на водоснабдувањето, треба да се извести многу порано, а не ден пред зафатот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk