Home » Кој почесто го менува телефонот – корисниците на „iPhone“ или „Android“?

Кој почесто го менува телефонот – корисниците на „iPhone“ или „Android“?

by Lina Muslija

Корисниците на „iPhone“ и „Android“ телефони имаат различни навики, ова важи и за начинот на кој тие одлучуваат да купат нов уред.

Сопствениците на „Android“ имаат поголема веројатност да купат нов телефон отколку лојалните на „Apple“, според новото истражување на „CIRP“.

Според „Apple Insider“, во текот на 2023-та година, околу 29% од корисниците на „iPhone“ ги користеле своите телефони три или повеќе години, додека за корисниците на „Android“, тоа е случај со околу 21% од испитаниците.

Специјализираниот портал сугерира неколку причини за тоа – од фактот што „Apple“ во последните години го фокусира својот бизнис на подобрување на квалитетот, наместо на додавање нови функции, до фактот дека многу сопственици на „iPhone“ често развиваат еден вид „врска“ со својот телефон поради екосистемот што го гради „Apple“.

Што се однесува до оние кои користат „Android“, повеќе од половина (околу 57%) од нив рекле дека замениле телефон што не бил користен две години. Една од главните причини за тоа е разновидноста на „Android“ телефони на пазарот.

Дополнително, причината можеби е тоа што уредите со „Android“ се подостапни од телефоните произведени од „Apple“, па сопствениците на „Android“ се помалку „финансиски врзани“ за своите технолошки „миленичиња“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk