Home » Кој пат ќе го фати Судски совет?

Кој пат ќе го фати Судски совет?

by Журнал.мк

Наместо 6 години, судиите да имаат стаж од 15 години ако сакаат да бидат членови на Судскиот совет, да се зголеми искуството од 15 на 20 години за судиите кои ќе се избираат од Собранието за да бидат дел од Судскиот совет, во Собранието пак предлози за член да може да даваат само професори по право кои имаат 20 годишен стаж на трите најдобро рангирани универзитети во државата, но и адвокати од адвокатската комора со дводецениски стаж.

Ова се дел од предлозите за законските измени на Законот за Судски совет кои ги изготви работната група формирана од Министерството за правда, која до сега одржала 23 состаноци каде биле адресирани препораките од Оценската мисија.

Работната група имаше широк опсег и работеше од септември, подготви нови измени на законот за Судскиот совет. Главна задача е да се одговори на Оценската мисија и новиот закон ги содржи сите препораки, освен препораките кои се однесуваат на уставните измени, тоа останува отворено прашање за понатаму.

Целта на изготвувањето на новиот закон за Судски совет е да се заостри одговорноста, отчетноста и транспарентноста на членовите на Судскиот совет и да се оградат од политички влијанија, вели Камбовски кој е дел од работната група.

Додека министерството за правда сака да ја зајакне транспарентноста на Судскиот совет, мандатарот на новата Влада, Христијан Мицкоски најави укинување и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители бидејќи го загубиле кредибилитетот.

По најавите за распуштање на двата совети, министерот за правда Кренар Лога испрати писма до меѓународната заедница, поради загиженост дека новото парламентарно мнозинство планира “упад” во правосудниот систем.

Иако и Лога минатата година предлагаше да се распушти Судскиот Совет по низата скандали, сепак сега го промени мислењето и изјави дка ниту САД ниту ЕУ нема да се согласат да се укинат и Советот на обвинителите и Судскиот совет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk