Првиот министер за животна средина и просторно планирање, Тони Поповски вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 одговори кој е потенцијалниот виновник за падот на кредибилитетот на Европската Унија во земјава.
Според него, факт е дека ова заостанување во процесот на преговори се случило поради опструкции на наши соседи – една стара членка и една понова членка на ЕУ.
„Се повеќе се гледа, особено во овие геополитички односи, еден, ако така можам да кажам, не толку ефикасен начин на одлучување бидејќи доаѓа до злоупотреба на правилата за едногласност“, додава Поповски.