Четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски е меѓу четиринаесете жртви во вчерашната несреќа во Нови Сад. Саздовски бил од Свети Николе, а работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад.
„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно“, ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува личноста на Васко Саздовски.
Саздовски бил сопруг и татко на две деца.
Во Нови Сад се прогласени тридневни денови на жалост почнувајќи од денеска поради загубата на 14 лица врз кои се урна бетонски покрив на железничката станица.