Home » Кој е на долгиот список во тефтерчето на лихварот од Тетово, кој е уапсен вчера?

Кој е на долгиот список во тефтерчето на лихварот од Тетово, кој е уапсен вчера?

by Журнал.мк

МВР информриа дека вчера е уапсен лихват од Тетово, кај кого биле пронајдени различни валути, како и тефтер со список на лица должници.

-На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство” по член 260 од Кривичниот законик. При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk