Home » Кој чај ви одговара според крвната група

Кој чај ви одговара според крвната група

by Журнал

КРВНА ГРУПА 0

Припадниците на оваа крвна група добро се носат со стресот, но може да ги измачува желудочна киселина. Чаеви кои се препорачуват за оваа крвна група се на база на ѓумбир, женшен, зелен чај и чај мате, кој е позната замена за кафето. Идеален избор за нив се мешавината сенча, женшен со ѓумбир и јапонски зелен чај

Уште одговараат и чаеви од: магдонос, хмењ, кора од даб, лист од дудинка, шипка, цвет од липа и глуварче.

КРВНА ГРУПА А

Ова се силно емотивни и аналитички личности склони на стрес, поради што имаат трајно високи вредности на кортизол, хормонот на стрес. Иако кафето не им пречи, потребата за претежно растителна храна, медитација и јога ќе ја дополни и секојдневното пиење на соодветен чај. За нив погодни чаеви се тајванскиот зелен чај Gunpowder, чај од чист цвет на јасмин, комбинацијата од сребрен јасмин со зелен чај Ying Hao, потоа мешавината од столисник, невен и мајчина душичка.

Уште одговараат и чаеви од: голема чичка, бел глог, кора од даб, шипка, ѓумбир, алое вера и кантарион.

КРВНА ГРУПА Б

Припадниците на оваа крвна група обично имаат бавен метаболизам, склони се на автоимуни болести, дебелеење, летаргија, хроничен замор и неуреден сон. Тие имаат отпорен дигестивен систем и слаба одбрана од бактерии, пред се од Ешерихија коли. Треба да пијат млад зелен чај, органски зелен чај или црвен роибус без додатоци, и имуно мешавина од бозел, роибус, лимонова трева и жалфија.

Уште одговараат и чаеви од: листови од малина, магдонос, лист од бреза, кора од бреза, глуварче, столисник, темјан, нане, кантарион и мајчина душичка.

КРВНА ГРУПА АБ

Припадниците на оваа крвна група се интуитивни и не се склони на стрес. Треба да се фокусираат на посебни видови зелени чаеви и сродни напитоци на нив, како нане, сандаловина, божур и напитоци од ориз. Идеален избор на чаеви за нив е природниот жолт чај и мешавина од врвен зелен чај и нане.

За мажите со оваа крвна група посебно се препорачува мешавина од коприва, нане и роибус.

Уште одговараат и чаеви од: бел глог, чичак, ѓумбир, лист од јагоди, камилица и шипка.

Чаеви кои треба да ги одбегнувате:

КРВНА ГРУПА 0

Алое вера, кантарион, листови од јагода, подбел, пченкарна свила, голема чичка.

КРВНА ГРУПА А

Пченкарна свила, црвена детелина, рабарбара.

КРВНА ГРУПА Б

Црвена детелина, листови од кајсии, цвет од липа, подбел.

КРВНА ГРУПА АБ

Алое вера, црвена детелина, цвет од липа, пченкарна свила, хмељ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More