Home » Кој ќе има митинг на 6 мај во Тетово? – Касами го повика Груби да се повлече од провокациите

Кој ќе има митинг на 6 мај во Тетово? – Касами го повика Груби да се повлече од провокациите

by Журнал.мк

Лидерот на Беса и дел од албанската опозиција Вреди, Биљал Касами денеска во изјава за медиумите порача дека нивната коалиција ќе одржи завршен митинг во Тетово на 6-ти мај.

Тој го повика Артан Груби од ДУИ да се повлече од провокациите.

„Коалицијата Влен ќе организира завршен митинг на 6-ти мај во Тетово, согласно законот. Коалицијата Влен се обрати до општина Тетово како единствена институција одговорна за јавните простории, плоштадите и други. Општина Тетово има дадено позитивно мислење, одобрување за користење на плоштадот за 6ти мај“, вели Касами.

Тој додава дека потоа се обратиле и од Европскиот фронт, каде ги информирале навремено дека за тоа време плоштадот е зафатен.

Инаку, и Европскиот фронт претходно најави завршен митинг, за 20:00 часот на 6 мај 2024 година на истото место.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More