Home » Кој ќе го замени Папазов – Советот на Кочани денеска ќе избира в.д. градоначалник

Кој ќе го замени Папазов – Советот на Кочани денеска ќе избира в.д. градоначалник

by Журнал.мк

Неизвесен останува изборот на в.д. градоначланик на Кочани и покрај тоа што претседателот на општинскиот совет за денеска закажа седница токму со оваа точка. Кочани речиси еден месец е без градоначалник откако Папазов, првично поднесе оставка, а потоа се најде и меѓу приведените за ужасната несреќа. Иако општината има заменик градоначалник – Мирче Стојков од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, спорна е валидноста на неговиот потпис. Со тоа е закочена работата на целата општинската администрација, а не може да се исплати и плата на сите вработени во институциите што се во надлежност на Кочани, како градинки и училишта. Иако, на координација е постигната согласност и од опозициската СДСМ да даде поддршка на кандидатот што ВМРО-ДПМНЕ ќе го прелдожи.

Согласно законот, по оставката на Папазов на 18 март, Стојков како заменик градончланик во рок од 15 дена го известил Министерството за локална самоуправа, по што беше инцирана постапката за избор на в.д. градоначалник. Владата на 1. април го задолжи општинскиот совет во рок од 30 дена да направи избор на в.д. градончланик на Кочани, кој на оваа функција треба да остане до редовни избори на есен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk