23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Koвид пасош: На одмop на Xaлкидики caмо со кapтонче зa вakцинациja?

Најчитани вести

Полека но сигурно од разни адреси и преку различни групи и организации се промовира идеата или проектот за ковид-пасош како некоја иднина во движењето на луѓето.

Како и обично тоа прво оди на ниво на можност и размислување но така обично се сондира теренот. Но факт е дека на таа тема не само што се размислува, туку и сериозно се работи.

Претседателот на италијанскиот регион Кампања, Виченцо Де Лука, преку видео обраќање до своите сограѓани, ја презентираше картичката што ќе ја добие секој вакциниран граѓанин, но по тој повод во јавноста се појавија и одредени дилеми. Тоа ќе биде еден вид потврда дека лицето е вакцинирано и не претставува опасност за другите, рече Де Лука.

Според него, картичката – потврда дека некој е вакциниран треба да му овозможи на сопственикот слобода на движење, на пример, ако сака да оди во кино, концерти и слични места каде што, засега, е забрането собирање на поголема група граѓани.

Во интервјуто дадено за Протохема, грчкиот министер за туризам Теохарис истакна дека вакцинираните патници повеќе нема да мора да бидат тестирани или да мора да одат во карантин ако покажат потврда за вакцинација при влегувањето во земјата.

Секој што е вакциниран во Грција ќе добие дигитален сертификат, а повеќето европски земји планираат да воведат слични сертификати.

Многу се зборува за меѓусебно признавање на сертификатите помеѓу земјата на поаѓање и крајната дестинација, рече Теохарис.

За оние кои не биле вакцинирани, мерките за контрола на границата ќе бидат проширени, додаде тој, истакнувајќи дека постои сеопфатен план за поддршка на компаниите и работниците погодени од епидемиолошката криза.

Постои иницијатива на Меѓународното здружение на авиопревозници да се направи апликација која би се нарекувала ковид-пасош и персонализиран документ, со податоци за негативен тест за PCR или некои други податоци. Две авиокомпании веќе направија таква апликација, која го имитира овој пасош, и тоа за летовите Њујорк-Лондон и Лондон-Сиднеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести