Утринскта најава од германските медиуми доби официјална потврда само неколку часа подоцна, бидејќи Ред Бул и официјално потврди дека го ангажирал Јирген Клоп за својот амбициозен проект.
Познатата австриска компанија која има големи инвестиции во повеќе светски клубови го назначи Клоп за свој водечки глобален директор за фудбал, а при потврдувањето на оваа информација, од Ред Бул дадоа и мало образложение какви ќе бидат обврските на Германецот.
– Ова е еден вид на стратешка улога, Јирген Клоп нема да биде вклучен во секојдневните операции во клубовите. Наместо тоа, ќе се фокусира на поддршката кон спортските директори во промовирање на филозофијата на Ред Бул. Исто така, тој ќе ја искористи својата широка мрежа на конекции за да помогне во пронаоѓањето на извонредни таленти , а ќе учествува и придонесува во обуката и развојот на тренерите на нашите тимови, – појаснуваат од Ред Бул, групација која ги води спортските проекти на Лајпциг, Салцбург, Њујорк, Брагантино и Лидс.