Од Ливерпул додаваат дека Клоп има благи симптоми на инфекција и дека е во домашна изолација, па затоа тимот утре од 17:30 часот на Стемфорд Бриџ ќе го води неговиот помошник Пепијн Лијндерс.
Холандскиот 38-годишен тренер досега беше помошник на Клоп и Брендан Роџерс во Ливерпул и бил вработен во академиите на ПСВ и на Порто. Единствената независна тренерска работа ја извршувал накратко во НЕЦ во холандската втора лига, која ја водел четири месеци во 2018 година.
Последните тестови во Ливерпул покажале дека нема нови заразени играчи, но покрај Клоп позитивни се уште тројца членови на стручниот штаб.