Home » Клиниката за онкологија функционира нормално, течат редовни прегледи, вели директорката Клисарова

Клиниката за онкологија функционира нормално, течат редовни прегледи, вели директорката Клисарова

by Журнал

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, вели за Фокус директорката на Клиниката, Виолета Клисарова.

„Сите закажани пациенти, тековни прегледи предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално. Работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет на Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника. Никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија, рече таа.

Таа не ги коментираше денешните случувања на клиниката. Во врска со претресите кај лицата кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции.

Од утрово се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Според информациите има и уапсени, меѓу кои и ексдиректорот на клиниката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More