Home » Климатските промени закана за намален род кај одредени овошки во Кумановско

Климатските промени закана за намален род кај одредени овошки во Кумановско

by Журнал

Сегашните ниски утрински температури немаат сериозно влијание на овошките, но, земјоделците треба да внимаваат и да ја следат прогнозата во пролетните месеци, предупредија денеска стручните лица од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од подрачната единица Куманово.

Климатските промени последниве години се закана за одредени овошки во североисточниот регион кајсии, праски и модри сливи. Овие овошки рано вегетираат и се чуствителни на ињето, сланата или мразот, кои можат да го уништат родот. Во регионот претходната недела температурите во ноќните и раните утрински часови се спуштаа и до -10 степени целзиусови.

-Имаме случаи претходните години, се јавуваа земјоделците и кажуваа дека пролетните мразови им го уништиле родот. Во последниве години чести се вакви појави, можат штетно да се одразат и на приносите во овоштарството, особено на оние кои рано вегетираат како кајсијата која особено е чувствителна. Промената на климатските услови е забележлива последниве години, зимата се пролонгира и ги опфаќа деновите од раната пролет. И штом процутат овошките се јавува мраз, слана. Кај нас во североистокот токму кајсијата е најпогодена, изјави Џабир Рамадани, земјоделски инженер и раководител на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделство во подрачна единица-Куманово.

Земјоделците неретко преземаат мерки дури некои застарени методи како што е задимување, некои фрлаат слама, посериозните земјоделци кои имаат поголема површина купуваат атомизери за прскање во раните утрински часови.

Сериозен проблем се промените во последниве години. Има и посериозни производители кои се соочија со понизок род. И недостигот на одредено овошје влијае на пазарната цена, бидејќи нема доволно на наше поднебје, па мора да се увезува, додава Рамадани.

Тој додава дека е важно производителите да ги осигуруваат насадите и да ја искористат можноста што државата ги нуди и покрива 60 проценти од полисата.

– Ова е одлична можност за земјоделците, додава Рамадани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More