Започна процесот за вработување на 34 млади специјализанти во Клиничката болница во Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево. Целта е решавање на недостигот од медицински кадар во југозападниот регион. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека ова е прв чекор кон долгорочно пополнување на дефицитарните специјалности. Владините претставници нагласија дека задржувањето на младите лекари во јавниот здравствен систем е приоритет.
Клековски: Млади специјализанти добиваат шанса за вработување во болниците на југозападот
35