11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Китаровиќ: Погрешно ми кажаа, гласајте за број 2

Најчитани вести

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека по грешка ги повикала избирачите да гласаат за нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори, бидејќи погрешно и го кажале бројот на листата.

– Ве молам заокружете го бројот 2. Утрово погрешно ми кажаа. Два, два како викторија, како победа, одиме заедно до победа, изјави Грабар-Китаровиќ.

Таа утрово на загрепската Н1 телевизија по грешка ги повика избирачите во вториот круг од претседателските избори да го заокружат бројот 1, чиј носител е всушност нејзиниот противкандидат Милановиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести