Home » Китановиќ на средба со Комесарот за финдаментални права на Унгарија, Акос Козма

Китановиќ на средба со Комесарот за финдаментални права на Унгарија, Акос Козма

by Журнал.мк

Во рамките на Taiex програмата на Еу која се реализира во Р.Унгарија имав прилика и чест како Директор на Агенција за остварување на права на заедниците заедно со дел од вработените да остварам официјален состанок со Комесарот за финдаментални права на Р.Унгарија Г-дин Акос Козма.

Во конструктивен и пријателски разговор беа нагласени добрите и пријателски односи помеѓу Р.С.Македонија и Р.Унгарија, како и добрите и блиски врски помеѓу двата народа.

Унгарскиот комесар Г-динот Козма истакна дека Р.Унгарија е стратешки партнер на Р.С.Македонија и дава јасна и недвосмислена поддршка на нејзиниот пат за полноправно членство во Европската унија.

Целта на состанокот беше да се пренесат искуствата и добрите практики на институцијата која ја води Комесарот Г-динот Козма во однос на правата на малцинските заедници во Р.Унгарија.

На крајот од состанокот беше договорено дека соработката помеѓу институцијата на Обудсманот на Р.Унгарија и Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе продолжи и ќе се продлабочи, во насока на подобрување на капацитетите на Агенцијата и нејзината регулатирна и надзорна функција а се со цел подобрување на правата и состојбата на помалубројните заедници во Р.С.Македонија

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk